СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА АПТЕКАТА ЗЕГИН ВО БЕРОВО.

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА АПТЕКАТА ЗЕГИН ВО БЕРОВО.
јануари 30 22:25 2021

Аптекарскиот бисер „Зегин“ кој е водечки ланец на аптеки во Македонија и регионот, денес во Берово ја отвори 165 аптека во државата.На свеченото отварање како што истакна директорот на компанијата Зегин, Благој Механџиски оваа аптека во Берово е една од најубавите и најефтини аптеки, која со модерена и професионална услга, на Беровчани ќе им понуди висок квалитет на услуги за потребите кои ги имаат.

Големиот асортиман на био производи од Хелти фуд исто така останува во склоп на новоотворената аптека, како и понудата на ортопедски помагала, а најголемите новитети на светската фармацевската индустрија ќе им бидат достапни на Беровчани во секое време.

Успехот кој веќе три децении е присутен во компанијата Зегин се должи на доброто управување и стратегијата за развој врз основа на најсовремените светски достигнувања во таа област, а пред како што рече Механџиски компанијата се води по правилото каде на прв план се клиентите и поторошувачите,нивната услуга и  побарувачка.

За неколку дена ланецот на аптеките Зегин се зголемува за уште две аптеки во Куманово, додека и аптеката во трговскиот центар Глобал во Струмица која изгоре во пожарот кој го зафати објекотот веќе е во завршна фаза и следнот период следи и нејзино повторно отварање додаде Благој Механџиски. Инаку со 42 000 наслови на производи новоотворената аптека во Берово, ќе биде една од најснабденате аптеки во дрќавата, која исто така на сите кои се заболени од Ковид 19 вирусот, им следува попуст од 10 % на сите производи.

  Категории: