РУНТЕВСКИ: НЕКОЈ НАМЕРНО ГО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА.

РУНТЕВСКИ: НЕКОЈ НАМЕРНО ГО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА.
јули 15 12:56 2021

Депонијата близу село Смојмирово која повеќе од 10 дена е опожарена, е намерно дејство на поединци со цел да се наштети на угледот на градот вели директорот на ЈКПР „Услуга“ од Берово, Илија Рунтевски.

Тој во изјава за порталот Малеш Нет, истакна дека сето тоа што се случува е поради политичката каша, која во моментот владее меѓу партиите во Берово, во пресрет на престојните локални избори во Октомври, па со тоа некој сака да предизвика внимание и оцрнување на неговата функција, со што го загрозува здравјето на граѓаните и имиџот на градот Берово.

– Не може преку ден депонијата да не е опожарена, а преку вечер да гори.Претходно успеавме да го пресечеме пожарот.Ангажиравме и приватни стопанственици со цел задушување на депонијата со наноси на земја, кој е единствениот начин за нејзино гаснење.Денес на терен увидовме дека обезбедениот и пресечен дел на депонијата е запален.Сето тоа според мене индицира на намеро палење со цел привлекување на внимание и оцрнување на мојата функција, со што и вие самите сте сведоци што се случува на политичката сцена во Берово, и какви политички интриги се прават во последниот период. Денес на сосотанок со началникот на полициската станица во Берово, ќе побарам поголема патрола на полициски службеници на опожареното место околу депонијата, за да се спречи ваквото однесување кое секако дека е огромен проблем за Беровчани, а го руши и имиџот на градот.Нашите екипи се на терен секојдневно, а претходно е побарана помош и од ЦУК и други институции кои се надевам дека ќе помогнат.Упатувам апел до сите граѓани да се воздржат од вакви немили дејствиа, кои влијаат на здравјето на сите нас – истакна Илија Рунтевски.

Инаку депонијата за отпад повеќе од десетина дена е опожарена и ги труе Малешевци, особено во утринските часови.Синоќешните снимки од опожарената депонија ги разгневи граѓаните кои не се должни да ги трпат и не ги интересираат политичките интриги и внатрепартиската нетрпеливост на одредени партии.Побараа одговорност за ситуацијата, која директно влијае на нашето здравје и животната средина, а исто така и на сликата на Берово како посакувана туристичка дестинација.

Еве го видеото од синоќешната состојба со опожарената депонија.

  Категории: