РЕКОРДНИОТ БРОЈ ПОЗИТИВНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ ВО БЕРОВО ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ.

РЕКОРДНИОТ  БРОЈ ПОЗИТИВНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ  ВО БЕРОВО ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ.
ноември 24 00:33 2020

Расте бројот на новозаразени со корона вирусот во Берово.Во текот на послдните неколку денови, регистрирани се вкупно 47 позитивни лица, што претставува рекорден број на заразени од почетокот на пандемијата.

Секојдневниот пораст на заболени со Ковид 19 вирусот, го вклучи алармот  на  Општинскиот кризен штаб, кој на денешниот состанок донесе неколку заклучоци и мерки, кои се однесуваат на строги контроли околу движење на несовесни членови на семејство на позитивни лица , кои биле во контакт со истите, контроли во врска со групирањето по јавните претпријатија, како и осебно да се засилат контролите на викендиците, групирањето на младите и да се изврши едукација во рамките на потесното семејство за спречување на ваквите појави.

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека  состојбата е загрижувачка па поради високите бројки на позитивни случаи во градот и упати апел до сите граѓани одговорно однесување и строго почитување на мерките за заштита донесени од кризниот штаб.

Началникот на ОВР Берово додаде дека полициските службеници вршат контроли на територијата на двете општини Берово и Пехчево, а во следниот период уште повеќе ќе се засилат контролите од нивна страна.Изрази загриженост поради несовесното однесување на граѓаните кои и покрај предвидените мерки за зашита се собираат на семејни слави и групирањето на малолетни лица во викенд населбите во Берово.

Беровчани се исплашени, велат дека  и покрај мерките на заштита несовесноста и непочитувањето на мерките за групирање на населението се главната причина за големиот број на корона позитивни во градот.Едногласни се за воведување на полициски час.

Берово до пред неколку недели важеше за град во кој имаше минимален број позитивни случаи на корона вирусот.Моменталната состојба во градот изнесува 101 позитивен случај и 6 починати, со што Берово е на високото 6 место на заболени по глава на жител во државата.

  Категории: