ПРОФЕСИИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ ПСИХАТА

ПРОФЕСИИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ ПСИХАТА
април 12 00:17 2018

Луѓето кои работат во одредени сфери од општеството имаат големи шанси да станат робови на својата работа, а следниве 5 професии имаат најлошо влијание врз човековата психа и целиот живот.

1. Војници

Работата војник влијае како на неговиот, така и на животот на целото семејство на војникот. Сите познаваме барем едно лице на кому неговиот татко или дедо бил военo лице, и таквите семејства најчесто мораат да попуштат пред него и живеат во строга дисциплина.

Чест, достоинство и добрата физичка форма се предностите од оваа работа, но со текот на времето, војниците стануваат се построги, цинични, а нивното чувство за емпатија се намалува. Проблемот е во тоа што тие цело време на работа учат како да размислуваат со чиста логика, ставајќи ги љубовта и чувствата на страна. Со текот на времето тоа станува составен дел од нивната личност, па често стануваат груби и кон најблиските.

2. Доктори

Работата доктор бара „градење“ на одбранбен „ѕид“, кој задолжително вклучува рамнодушност и циничност, бидејќи секој ден се соочуваат со страдања, болки и смрт. Поради тоа, многу доктори имаат необична смисла, која е всушност одбранбен механизам, кој психата го создала за да стане отпорна на стрес и страв.

Навиката за криење на емоции и третирање на секоја ситуација смирено, на крај станува пречка во емоционалното посветување и недостаток на желба за со партнерот да се споделат секојдневните грижи, проблеми, но и среќа. Докторите се навикнати да бидат физички и психички подготвени да им помогнат на другите, но тоа во голема мерка се одразува на нивниот приватен живот.

3. Професори

Просветните работници се обучени да контролираат големи групи на деца, поради што стануваат многу строги. Особините со кои најчесто изобилуваат професорите се авторитативност, и конзервативност. Ако некоја личност секој ден, по цел ден работи со деца, со текот на времето ќе започне и блиските луѓе да ги третира како деца – давајќи им совети, чувствувајќи потреба секогаш за се да биде подготвен и секогаш да мора работите да ги објаснува по 10 пати.

4. Претприемачи

Да се биде бизнисмен не е професија, туку начин на размислување и начин на живот. Оваа работа често не дозволува компромиси и попустливост. За да бидете успешни во бизнисот, работата најчесто мора да ви биде главен приоритет во животот. Поради тоа претприемачите практично 24 часа размислуваат за работа. Бизнисот константно се развива, а конечната цел е често нејасна или воопшто ја нема, бидејќи не може прецизно да се одреди.

Бизнисмените поради тоа константно размислуваат околу личниот развој и често бараат и нивните најблиски така да се однесуваат, а кога сте константно во некое истражување, често сами не можете да знаете што всушност сакате, што е случај со многу претприемачи.

5. Адвокати

Со оваа работа можат да се занимаваат психички јаки луѓе, бидејќи адвокатурата подразбира многу секојдневни притисоци. Меѓу адвокатите зборување за проблемите околу работа е нешто што не е вообичаено, па ретко бараат меѓусебна помош и поддршка, поради што често можат да паднат во депресија.

Успешна адвокатска кариера бара изострена способност за предвидување на сите негативни последици по клиентот, поради што и сами поголемиот дел од нив почнуваат да гледаат негативно на светот и да бараат лошо во сите работи, па поради тоа нивната психа се менува. Покрај тоа, адвокат спаѓа меѓу професиите во кои најмногу се работи, па се често се премногу уморни и ги кријат здравствените проблеми.

ИЗВОР.Медиа 24

  Категории: