ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БУЧА,РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БУЧА,РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ПЕКЕВСКИ
јануари 11 17:25 2022

Во рамките на активностите од областа на меѓународна соработка, Градоначалникот Пекевски, денеска, во својот кабинет, оствари средба со претставници од Буча, Република Турција.

На средбата произлезе плодна дискусија, за збратимување на општина Берово со општина во Република Турција, за продлабочување на соработката меѓу двете држави, како и остварување соработка и размена на мислења и идеи во областа на културата.

Преставниците од Буча, Република Турција истакнаа дека се отворени за соработка, особено во областа на културата, каде што можат наши ученици да учествуваат на нивни културни  настани и обратно.

Градоначалникот Пекевски истакна благодарност за интересот за соработка, со надеж дека истата ќе резултира со успешно збратимување на двете општини и соработка во повеќе области.

Додаде дека почнувањето заедничка соработка како  и воспоставувањето на цврсти врски помеѓу општина Берово и општина Буча, ќе даде двостран придонес за меѓусебно запознавање, како и зближување и остварување на заеднички интереси на граѓаните од двете општини.

  Категории: