ПРЕЗЕНТИРАНИ СПОРТСКИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА БЕРОВСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НИКИЦА КЛИНЧАРСКИ.

ПРЕЗЕНТИРАНИ СПОРТСКИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА БЕРОВСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НИКИЦА КЛИНЧАРСКИ.
јули 24 00:30 2021

Пред голем број спортисти, подржувачи на спортот, роднини и пријатели, денес во Берово беа презентирани спортските достигнувања на нашиот сограѓанин Никица Клинчарски. Посетителите имаа можност, да видат многу фотографии, написи во печатените медиуми, дресови, книги, освоени медали, пехари, плакети и признанија во клубовите каде настапувал Кличнарски, а истите ќе бидат достапни и граѓаните ќе можат да ги видат на отворената изложба, во Музејот на град Берово, до 25 јули.

На настанот присуствуваше Архиепископот охридски македонски г.г. Стефан, кој често пати на стадионите, му бил поддршка на Клинчарски.Свое обраќање имаше и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека сите се гордееме со успесите на Клинчарски, заблагодарувајќи му се што го претставува Берово во најубаво светло, што ја претставува упорноста, енергичноста и одлучноста.

Како што додаде тој, со такви високомотивирани личности како Никица, нашиот град расте и се развива, а неговите успеси оставија силен белег во спортот и во исто време, даваат силен поттик, на идните генерации да вложуваат во себе и да се развиваат низ спорт и игра на терените. Голема е честа и гордоста, да се сублимира, една навистина богата кариера, а уште поголема честа за сите нас, е што успешната приказна ги носи корените токму од нашето Берово, додаде Пекевски.

Нашиот спортист, низ неговата богата фудбалска кариера, успеваа не само да победува во сериозни натпреварувања, туку и да не обедини, да не мотивира и со неговата борбеност, непокор, ентузијазам, енергија, вредна и макотрпна работа, дружба и сила, да ги инспирира, сите кои имаат желба, да бидат дел од фудбалските терени.

Погледнете го видеото во продолжение од денешниот настан.

  Категории: