ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНЧЕ ГО ОЗНАЧИ ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ПЕХЧЕВО

ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНЧЕ ГО ОЗНАЧИ ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ПЕХЧЕВО
септември 01 14:39 2022

Денес официјално започна учебната година со вкупно 311 ученици и 25 новозапишани првачиња кои денес за прв пат седнаа во училишните клупи.
Градоначалникот Александар Китански на сите ученици им посака многу здравје, среќа, успешна школска година, да бидат најдобри ученици, со желби за многу успеси.

Првото училишно ѕвонче го офицјализира почетокот на учебната година и ги потсети учениците дека во училиштето ќе запознаат многу другарчиња, дека таму ќе ги научат првите бројки, букви, ќе научат да го напишат првото зборче и ќе ја решат првата математичка задача, кажа Градоначалникот на Општина Пехчево.

Градоначалникот Китански денес ги посети и поздрави и децата од детската градинка ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево и на секоја од групите подари скромни подароци, а среќен почеток им посака и на средношколците во дисперзираните паралелки на ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово.

  Категории: