Пекевски од Владимирово: Програмата е остварена 99%, граѓаните се задоволни а ДПМНЕ на кружниот тек го згрешиле правецот па не влегле во Берово

Пекевски од Владимирово: Програмата е остварена 99%, граѓаните се задоволни а ДПМНЕ на кружниот тек го згрешиле правецот па не влегле во Берово
октомври 07 20:25 2021

Градоначалникот и кандидат на СДСМ за втор мандат Звонко Пекевски денес со кандидатите за советници беше на средба со жителите на Владимирово.
Тој истакна дека програмата планирана за претходните 4 години заедно со граѓаните е исполнета и граѓаните на средбите го истакнуваат тоа со подддршка да се продолжи да се работи со ист ритам и во следниот мандат.

„Зад нас е период на добра соработка, се надевам сите ќе се согласите со мене,  почитување и нови вредности. Поставивме нови цели, изградивме нови темели и тргнавме напред. Ја вративме довербата кај луѓето, инвестиравме по приоритети и не исклучувавме никого. Создадовме Локална самоуправа во служба на граѓаните и нивните потреби.
Од секојдневните средби, кои ние како коалиција ги остваруваме, можеме да забележиме дека граѓаните на Берово се задоволни од сработеното, тоа постојано го истакнуваат, особено што сите знаеја дека Берово беше презадолжена општина, нејзиниот вкупен долг, кога дојдов на функцијата Градоначалник, беше колку едногодишен општински буџет. Четирите години работевме чесно, отчетно, транспаретно и со план. Успеавме да ја раздолжиме општината, да ја направиме ликвидна и стабилна, а во исто време да градиме од Двориште до Берово и од Берово до Митрашинци и тоа градевме капитални проекти, во интерес на сите граѓани на Општина Берово.“, потенцираше Пекевски.

Тој се осврна на конкретните проекти сработени за Владимирово и што е следно за идниот мандат конкретно за селото.

„Еден од капиталните проекти кои се реализираше во овој четиригодишен мандат, а го подобри квалитетот на живот на жителите од село Владимирово  е целосната реконструкција на локалниот пат Владимирово – Мачево, кој пред се го олесни пристапот до земјоделските имоти на жителите на Владимирово и пристапот до регионалниот пат Берово- Виница.
Исто така е асфалтирана е улица Брашнарска, со што се подобри пристапот на повеќе семејства до своите семејни куќи. Исто така сменети се старите азбесни цевки на крак од водоводот во селото, а во следниот мандат продолжуваме и понатаму, затоа што чистата вода и здравата животна средина е наш приоритет и во следниот четиригодишен мандат.
Освен во инфраструктура вложувавме и во подобрување на комуналната инфраструктура. Ги подобривме капацитетите на  Јавното комуналното  претпријатие, набавивме нови возила што исто така влијае во подобрување на квалитетот на комуналните услуги за граѓаните.
Континуирано, секоја година, го поддржуваме одржувањето на културната манифестација ,,Владимерски илинденски средби” , која од година во година прераснува во се помасовна манифестација и силно ги бриша од заборав, традиционалните малешевски вредности.“, говороше Пекевски за реализираните и планираните проекти.

Тој овој пат се осврна и на политичките ривали ВМРО-ДПМНЕ кои според него немајќи идеи, проекти и своја кампања манипулираат, изнесуваат неточни информации и го девалвираат најуспешниот период што отсекогаш го има Берово во локалното управување.

„Тие или не знаат што се капитални проекти или на кружниот тек го згрешиле правецот па не влегле во Берово. Рашковска во Мачево ветува изградба на фекална канализација, а не се информирала дека за изградба на фекална канализација во Мачево, веќе е потпишан договор за добиените средства од владата на РСМ и во тек е изготвување на одобрение за градба и прашање на време е кога ќе почне да се гради.“ истакна Пекевски.

Тој ги покани жителите на Владимирово, мудро, како и досега да го изберат НАЈДОБРОТО за себе и на 17 октомври да гласаат за бројот 12 за СДСМ и коалицијата што гарантира продолжување на периодот на транспарентно иотчетно работење, планирање на проекти за сите граѓани, за подобар квалитет на живот за сите.