Општинската администрација организираше акција за собирање на отпад на Беровско езеро.

Општинската администрација организираше акција за собирање на отпад на Беровско езеро.
март 30 20:42 2018

Денот на пролетта во Берово беше одбележан преку организирана акција на општинската администрација и јавното комунално претпријатие “Услуга“ од Берово за расчистување на диви депонии кои се наоѓаат во туристичкиот локалитет Беровско езеро.

Во акцијата беше вклучен и градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски кој апелира дека токму природата е нашиот најзначаен ресурс со кој располагаме и токму туристичките локалитети, особено Беровско езеро е нашиот најзначаен туристички магнен кој совесно треба да го чуваме и да ја заштитуваме околината од формирање на диви депонии кои создаваат лоша слика за Берово во промовирањето како посакувана туристичка дестинација.

Чистењето на отпадоци се одвиваше околу одморалиштето и по патеката кон круната на езерото, со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што се апелира одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена.

  Категории: