ОДРЖАНА ТРИБИНА СО ПРОФЕСОРОТ ДАРКО ЛАЗАРОВ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ И ПОЛИТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БЕРОВО ОД ПРОГРАМАТА НА КАДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИИК ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА

ОДРЖАНА ТРИБИНА СО ПРОФЕСОРОТ ДАРКО ЛАЗАРОВ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ И ПОЛИТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БЕРОВО ОД ПРОГРАМАТА НА КАДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИИК ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА
октомври 10 20:06 2021

Претседателот на централната комисија за економија професорот Дарко Лазаров, денес во општинската зграда во Берово одржаа трибина со бизнис заедницата и членовите на листата на советници од ВМРО-ДПМНЕ, каде беа презентирани економските мерки и политики во програмата на кандидадот за градоначалник на Берово, Елеонора Рашковска, во делот на градење на економска и силна општина.

-Фокусот на програмата и економскиот развој на општина Берово се фокусира на неколку постулати.Првиот постулат е пријатна атмосфера за бизнис секторот, односно локална заедница која што ќе работи во интерес на развој на стопанството со нулта корупција, со целосна поддршка на бизнисмените односно на стопанството на локално ниво.Вториот постулат на кој е базирана програмапа за локалена развој на општина Берово, е во делот на градење на локална стратегија за привлекување на директни странски инвестиции и ставање во функција на економските индустриски зони, за странски компании, меѓутоа и за домашни локални компании од Берово- истакна Дарко Лазаров.

Општината треба да даде целосна поддршка во делот на мали стопанства особено во делот на туризмот и развојот на руралното земјоделие додаде Лазаров, потенцирајќи го третиот постулат од програмата за економски развој на општината со можноста искористување за развој и имплементирање на одредени проекти кои ќе бидат финансирани преку европските програми.

-Ние знаеме дека Берово е гранична општина и е практично подобна за конкурирање на новите програми на ЕУ во делот на ИПА 3 програмата, така да фокусот во рамките на програмата ќе биде во градење на институционални локални капацитети за искористување на тие ЕУ фондови во развојот на општината и во делот на стопанството, меѓутоа и во делот на туризмот како еден од носечките гранки на Берово – рече професорот Лазаров.

На панел дискусијата свое обраќање имаше и кандидатот за градоначалник Елеонора Рашковска која детално ги презентираше развојните економски мерки и проекти кои во следните четири години во нејзината програма „Гарантираме за Берово“ќе бидат применети и остварени и ќе го подобрат економскиот развој на општина Берово.

  Категории: