Одржана вежба за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово

Одржана вежба за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово
ноември 10 11:39 2021

Пожарникарите од ТППЕ, вчера, во рамките на своите програмски активности, одржаа тактичка вежба, за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово.

Вежбата беше спроведена во 3 дела:

  1. Евакуација на вработените и учениците
  2. Дојава за пожар во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово
  3. Обука на вработените за ракување со ПП апарат S9 и апарат CO 2

Вежбата беше успешни завршена, вработените и учениците имаа прилика да вежбаат, како безбедно да се евакуираат во случај на пожар и друга елементарна непогода во училиштето.

Како што истакна командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, ваквите вежби се корисни за вработените во институциите, со цел, да бидат обучени како треба да постапат во случај на елементарна непогода. Со вакви вежби, ТППЕ ќе продолжи и во иднина и во другите установи од државен и приватен сектор.

Инаку во периодот што следи, вработени во ТППЕ Берово, ќе посетуваат обука во Словенија , во повеќе модули за унапредување на работата на територијалната противпожарна единица.

  Категории: