ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК.

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК.
април 22 16:47 2021

Откако Владата донесе одлука за задолжителен ПЦР тест за сите екипи пред секој натпревар, Третата фудбалска лига во која се натпреварува и нашиот градски клуб Малеш се одлага на неопределено време.

Денес со известување излегоа и од управата на ОФК Малеш во кое се вели:

Натпреварите од 17 коло во Третата Фудбласка Лига Исток се одложени на неопределено време , со образложение од ФФМ поради ситуацијата со Ковид-19. Се задолжуваат ПЦР тестови пред секој натпревар, секако ние не сме финансиски моќни да го покриеме тој трошок, па и која друга екипа во 3-тите лиги.Првата и втората македонска лига ке го одиграат тоа коло со тестови на трошок на Федерацијата. Судбината на третолигашите е неизвесна..Очекуваме официјален допис од ФФМ каква одлука ке донесат, па благовремено ќе Ве известиме.Чувајте се , почитувајте ги мерките и останете во Добро здравје.

Со почит,

Претседател на ОФК Малеш : Новица Печински

  Категории: