ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ: ОД ВКУПНО РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ 58,44 МАКЕДОНЦИ, 24,3 АЛБАНЦИ

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ: ОД ВКУПНО РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ 58,44 МАКЕДОНЦИ, 24,3 АЛБАНЦИ
март 30 14:11 2022

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.

-Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.

-Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава, рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува  во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Пред денешното соопштување на податоците, доделени им беа благодарници на институциите кои придонесоа за успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција.

Извор: Сител Тв

  Категории: