НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА “ЈАНЕ САНДАНСКИ” ПЕХЧЕВО

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА “ЈАНЕ САНДАНСКИ” ПЕХЧЕВО
декември 29 11:54 2021

Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево и Општина Пехчево, денес со почеток во 17:00 часот во салата на Домот на културата, организираат Новогодишен концерт по повод Новогодишните и Божиќните празници. На концертот ќе настапат Културно уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Пехчево, со традиционални македонски ора и модерни танци, како и ученици и професори од општинското основно училиште Ванчо Китанов, со народни и забавни песни, игри, акробации и рецитирање.

Од Локалната самоуправа апелираaт до сите граѓани да ги почитуваат Ковид мерките, односно;
– Задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска,шал,марама) за сите посетители во салата.
–Маската е задолжителна за цело времетраење на посетата , во сите простории и за цело времетраење на настанот.
– Задолжително е одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите.

Ве покануваме да дојдете и да го проследите овој прекрасен предновогодишен концерт.

  Категории: