(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ОД БЕРОВО СО СВЕЧЕНА МАНИФЕСТАЦИЈА ВЕЧЕРВА ЈА ОДБЕЛЕЖУВААТ НОЌТА НА КАДР

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ОД БЕРОВО СО СВЕЧЕНА МАНИФЕСТАЦИЈА ВЕЧЕРВА ЈА ОДБЕЛЕЖУВААТ НОЌТА НА КАДР
април 27 23:38 2022

Вечерва муслиманите ја слават светата Ноќ Кадр (Лејлетул Кадр) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која се одбележува во 27-мата ноќ од муслиманскиот месец на постот Рамазан.

По тој повод вечерва во беровската џамија „Мехмет Бег“ од страна на муслиманскиот џемаат, беше организирана свечена исламска манифестација поветена токму на оваа ноќ, на која пред огормниот број присутни верници, беа одржани предавања за значењето на (Лејлетул Кадр), како и исламско пеење.

-Да му искажеме благодарност на Севишниот Аллах, кој што ни овозможи и ни подари прилика, да живи и здрави го дочекаме прво пред се месецот Рамазан.Во месецот Рамазан ние како муслимани ширум светот имаме една значајна и благословена ноќ, ноќ која е повредна од илјада месеци, за која нас не известил Севишниот Бог во светата книга Куранот.Севишниот бог Аллах во Куранот кажал:„Ние навистина започнавме да го објавуваме Куранот во ноќта на Кадр“.Поради тоа ние како заедница во градот Берово, по прв пат после толку години, организираме една голема манифестација, каде сите заеднички ќе ја одбележиме оваа ноќ – рече имамот во беровската џамија Тахир Еф. Дестанов.

На оваа манифестација беше присутен и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека верска толеранција во градот која е на високо ниво, овозможува поголема сплотеност помеѓу луѓето во Берово, а на крајот му беше доделена благодарница од страна на џамискиот одбор за придонес кон развој на верските заедници во градот.

Ноќта (Лејлетул Кадр) ја одбележуваат сите муслимани во светот како ноќ посупериорна од сите други, ноќ во која започна спуштањето на Божјата објава – Куранот и ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“.

Исто така ноќта на Кадр е ноќ која се наоѓа во последната третина од Рамазан, најодбраниот месец во исламскиот календар.

Тогаш мнозинството верници ноќите ги поминуваат во молитва, но исто така и во итикаф, со постојан престој во џамиите и со молитва, следејќи го примерот на последниот Божји пратеник Мухамед, кој и самиот на ист начин ја поминал последната третина од месецот Рамазан.

Во продолжение видео од настанот:

  Категории: