,,МРДНИ СО ПРСТ’’ ГИ РАЗМРДА БЕРОВЧАНИ.

мај 29 18:36 2018

Граѓаните на општина Берово ’мрднаа со прст’’ и активно се вклучија во работната акција- Смеј се, играј, расти која се однесуваше на подготовка  и изработка на креативни саксии кои ќе бидат наменети за детското игралиште кое е во тековна изработка, а се наоѓа во центарот на Ромското маало. Дополнително дел од разбудените беровчани работеа во изградба на детското игралиштето заедно и со помош на ЈКП Услуга Берово. На самиот настан учествуваа граѓани и претставници од локалните институции.

Беровчани кои придонесоа кон успешност на акцијата придружена и со музички хепенинг, покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме.  

Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ во соработка со  Општина Берово и ЈКП Услуга- Берово и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.

  Категории: