МЛАДИТЕ ОД СЕЛО ЦРНИК ЗАПОЧНАА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА КРОВОТ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛОТО

МЛАДИТЕ ОД СЕЛО ЦРНИК ЗАПОЧНАА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА КРОВОТ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛОТО
февруари 20 19:34 2022

Младите од пехчевското село Црник започнаа иницијатива за обнова на кровот на тамошната џамија. Како што истакна Ерол Пилов жител на селото, џамијата е во многу лоша состојба, но приоритет ќе бида најпрвин да се поправи покривот на објектот.

-Моментално џамијата е во многу лоша состојба, почна на подот да тече вода, ѕидовите се пред распаѓање, внатре во џамијата е потребно повторно малтерисување и подот исто така е уништен. Сепак најпрвин треба да се направи кровот, заради што бараме помош од селаните, од хумани граѓани и луѓе кои сте во странство, бидејки под итно е потребно да се направи нов покрив на нашата Џамија, за да не дојде до поголеми проблеми и рушевини, вели Пилов.

Вели дека има најава за помош од одредени фирми, а помош за решавање на проблемот како што додава ќе побараат и од Општина Пехчево.

-Овде живееме сите сплотени Турци, Роми и Македонци и верувам дека цело село ќе смогне сили за реновирање на џамијата. Имаме еден поголем спонзор кој рече дека ќе ни помогне, на нашата иницијагтива на социјалните мрежи се јавија и други луѓе. Во следните денови ќе биде објавена и сметка на која ќе може да се донира, а официјално барање за помош ќе упатиме и до Општина Пехчево, додаде Пилов.

Пилов очекува во периодот кој следи поактивно да се пристапи кон решавање на проблемот со кровот, со што ќе се спречи понатамошно уништување на Џамијата, која е единственото каде населението од муслиманска вероисповест може да ги врши верските обреди.

Џамијата како што напомена Пилов на иницијатива на Јахја Оџов почнала да се гради во 1999-2000 година, кога добива дозвола и на местото каде отсекогаш имало џамија, ја руши старата џамија и почнува од темел новата џамија.

-Јахја Оџов направи многу за нашето село, и го среди внатрешниот дел на џамијата, надворешниот дел, стигна до кровот, кровот како што може да видите е до половина изграден , но моментално е во многу лоша состојба, додаде Пилов.

Еве го и комплетното барање на младите од Црник за реновирање на кровот на Џамијата:

⚠️⚠Ве Известуваме⚠️⚠️ 

Почитувани наши селани, граѓани, луѓе кои сте во странство ве известуваме дека нашата џамија во село Црник нема покрив,значи во Џамијата почна да тече и пропушта вода на подот. Значи под итно е потребно да се направи нов покрив на нашата Џамија,за да не дојде до поголеми проблеми и рушевини. Ги замолуваме сите наши верници, сите хумани луѓе кои се во можност да донираат финансиска помош со која би се направил еден нов покрив на нашата Џамија. Помош ќе биде побарана и Општина Пехчево и од други фирми.

Иницијативата е на сите млади од селото.

Број за контакт:
Тајфун Нехтепаров-078437190
Ерол Пилов-07560780

  Категории: