МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ НА ЦРНИК.

септември 23 18:26 2018

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аксел Ахмедовски, синоќа оствари средба со граѓаните на Црник каде се разговараше за актуелната состојба за референдумот и придобивките за Ромската популација од  влегувањето на државата во Европската Унија и Нато.

Ахмедовски исто така упати апел до сите Роми во државата масовно да излезат да гласаат на престојниот реферндум за просперитет и напредок за граѓаните Роми.

На работната средба беа истакнати секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на село Црник, со најголем акцент на долгогодишниот проблем со чиста вода за пиење, вработувањето и поголема активност на Општина Пехчево во овој дел.

Со помош на министерство со кое раководи Ахмедовски и  имплементација на  Декадата и стратегијата на Ромите во Пехчевски Црник деновиве започнува реализација на проектот за асфалтирање на главната улица во селото, финансиран од Министерството за транспорт и врски. Во склопна тоа жителите дадоа безрезервна подржка на работата на министерот и изразија задоволство од неговата посетата.

Според граѓаните на Црник за престојниот референдум треба да се гласа без разлика позитивно или негативно.

Ваквите средби со граѓаните од Ромската популација продолжуваат и понатаму додаде Ахмедовски, се со цел да се слушнат проблемите на најмаргинализираната група граѓани и да изнајде решение за најгорливите прашања со кои се соочувааат Ромите .

  Категории: