МАЛЕШ НЕТ КОЛУМНА:СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ КОВИД 19

МАЛЕШ НЕТ КОЛУМНА:СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ КОВИД 19
март 27 22:57 2020

Создавањето на оваа пандемија не смее да се релативизира и маргинализира.

Некој сака светот да биде покорен,клекнат на колена,оставен на милост на луѓето кои можат само да бидат неми посматрачи на сопственото самоуништвање.Фројдовите анализи на постапување на масата во состојба на паника го потврдуваат горенаведениот факт.

Ковид 19 – теории безброј,секој со своја вистина.Јас одбрав една, во која највеќе верувам.Случано налетав на истата која ја имаше објавено мој пријател на социјалните мрежи.Теоријата е на др.Томас Коуан, кој користејќи научни факти и повикувајќи се на нашата не толку далечна историја на технолошкиот бум, го истакнува следното:

  • Во 1918 година известен научник Рудолф Штајнер, електрификацијата на светот ја поврзува со пандемијата на Шпански грип.Коуан истакнува дека секој биолошки систем изложен на електо-магнетно поле го убаиваме.Во тој процес некои умираат, а некои се во некоја фаза на хибернација

Исто како и Штајнер и др.Коуан, Ковид 19 пандемијата ја поврзува со мрежата.Денес пишувајќи го овој текст, стигнаа до мене две информации.Првата дека Телеком ја има пробнно пуштено 5G мрежата и втората за масовниот помор на птиците во Македонија.

Не сум теоретичар на завера, но работите сами по себе индицираат одредени чекори кои се против целокупното човештво и одат во полза на одредени структури, кои сакаат да ја редуцираат светската полпулација, да не чипираат и стават под нивна целосна контрола, но за тоа друг пат….

Социо-економски импакт од Ковид – 19.

Општа паника.Состојба во која алтруизмот исчезнува, умот работи на егоистична фреквенција на задоволување на само и само своите потреби.

Ниска самосвест……Алооооооооооо

ГАЗОТ ФАЛА НЕ ВЕЛИ…….

Тони тоалетна во купатило, фрижидер полн со продукти пред истек на рок, по некое средство за дезинфекција, некој со маска некој без маска, главно сите во маркети да купат по 100 кг брашно и в парк да се прошетаат.Оти времето било убаво.Пандемија или мозочна дисторзија.

АЛО!!!!!!!!!!!!!!!

Намали контакти, седи дома ако немораш за леб да заработиш, ако имаш залиха на капитал уживај со семејството, ако мораш да работиш избегнувај групирање држи дистанца, користи ракавици и маска.

Во ситуација кога алтруизмот е во состојба на распаѓање, второ кое не ни оди од рака е исцрпување на семејниот буџет, кој и тоа како е ранлив на овие простори.Во такви услови индицијата за појава на девијација и криминал е многу висока.

Не сум експерт за економски прашања, но едно знам недостигот на економски добра ја слабее и така ниската колективна свест.Под колективна свест се подразбира општо прифатливо поведение, поглед за одредена работа и морален кодекс прифатен од една заедница.За жал кај нас колективната свест е ниска.

За да се справиме со ваква ситуација и да не свириме ко Италјаниве по тераси, ни треба единство, дисциплина, соработка, прифаќање на идеји за доброто на сите, почитување на препораките на СЗО и надлежните, прифаќање на полицискиот час…………и три пати т.н,т.н,т.н

ТРПЕНИЕ

ОСТАНИ ДОМА

  Категории: