КОЛУМНА: ПОСТМОДЕРНА МЕТАСТАЗА

КОЛУМНА: ПОСТМОДЕРНА МЕТАСТАЗА
март 30 21:14 2018

Најголем изум на сите времиња е тракалото цела една епоха на идустријализација ротира околу оската на тоа тркало, колку се поголеми вртежите на истото толку повеќе човекот како биолошко битие се дистанцира од мајката природа. Тоа е еден реципрочен однос каде човекот многу губи но и добива. Го губи линкот со природата но ги живее и благодетите од развојот на технологијата.

Во древните епохи еден човек имал вештини од различни области, добро ја познавал почвата затоа што егзистенцијално зависел од неа, знаел сам да произведе храна , да изгради свој дом, бил способен да војува и сл.

Денешниот модерен човек се специјализира во една област така што заработувајќи го надокнадува своето непознавање од другите области. Мелтинг,пот систем на создавање аморфна и послушна популација која е целосно зависна од креаторот на денешниот систем. На тој начин една популација се држи зауздана во уздите на велемоќниците кои ги креираат тековите на денешниот модерен живот.

Придобивките од развојот на технологијата се огромни во секое поле од денешниот живот. Добивме развиена медицина,железница,автомобилска индустрија,инфраструктура, авио собраќај,  и сл. Но го загубивме линкот со природата, станавме духовно сиромашни живеејќи еден живот во потрошувачко лудило во кој се се гледа преку призма на парите . Добивме екранизирана младина со кифоза и скулиоза. Го добивме Стресот како модерен феномен, но полека и сигурно ја губиме мајката земја како наша планета.

Технолошкиот бум е одлик на нашата цивилизација, а секоја цивилизација тежнеејќи да го достигне врвот вртоглаво се соочува со своето дно. Создавајнето на вештачка интелигенција е исто толку опасно колку и корисно. Моментално ако на компјутер напишеш “Како си?” во пребарувањето на Google нема да наидеш на конкретен одговор, но моментот кога една машина интелектуално ќе ја опише својата состојба по мене тоа ќе биде почеток на крајот.

Ако дојде момент демјирушкото во човека да се поистовети со Бог, т.е. да создаде креација по свој образ како што Бог го создаде човека тогаш е неизбежен сломот на нашава цивилизација и доколку планетава земја остане имуна на сето зло кое и го нанесовме тогаш малкумина ќе ја имаат привилегијата да градат нова цивилизација врз урнатините на предходната ,како што ние впрочем направивме, врз  темелите на египетската и древно кинеската цивилизација ја изградивме нашата.

  Категории: