Како од утре ќе започне наставата во второто полугодие?

Како од утре ќе започне наставата во второто полугодие?
јануари 31 18:38 2022

Со десетдневно задоцнување, децата утре се враќаат во училишните клупи. Второто полугодие почнува со физичко присуство и задолжително носење на маски. Поради големите бројки на новодијагностицирани и барања за онлине настава, здравствените власти најавуваат скрининг, постојано следење на состојбата и почитување на протоколите во образовните установи. Но утре на Комисија за заразни болести ќе одлучуваат кој и кога ќе биде тестиран.

– Една од точките на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе биде и ова. Утре ќе се одлучува како и кога ќе почне скринингот. Првата недела е многу важна за да се реагира брзо доколку има потреба од преземање на дополнителни мерки, изјави Беким Сали, министер за здравство.

И додека изминатиот перод имаше бројни предлози за второто полугодие – од целосна онлајн настава, до барања децата да бидат без маски и со настава во училница, доктор Нико Беќаровски нуди разумен компромис кој би можел да биде прифатлив за сите.

Утре сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза) истата да ја следат on line, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување.

За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал.

Училниците да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час.

Пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите задолжителна дезинфекција на сите простории, пишува др. Беќаровски.

Инаку претходно направениот скрининг по случлаен избор во училиштата не даде реална слика за состојбата во образовните установи бидејќи го спроведуваа повеќе од месец дена а беа тестирани околу 8000 ученици во цела држава.

Извор: Сител Тв

  Категории: