Информација за средби на Градоначалникот Пекевски со граѓани на Берово

Информација за средби на Градоначалникот Пекевски со граѓани на Берово
ноември 15 16:56 2021

Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата,  за 2022 година.

Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово .

Средбите во Берово,  ќе се рализираат  со следниот распоред:

17.11.2021 година – среда

10:00 до 10:30 часот -ул.,,Брдославица” на улицата позади ЈП ,,Национални шуми”

10:30 до 11:00 часот –ул.,,Којова Ливада” на улицата пред службениот влез на ,,Полотекс”

11:00 до 11:30 часот –ул.,,Марксовса”, ул.,,Енгелсова”, ул.,,Ленинова”, ул.,,5”, и ул.,, Ѓорѓи Димитров”- на улица ,,Марксова” на проширениот дел

11:30 до 12:00 часот- Зградите на ул.,,Партизанска” и ул.,,Неретва”

12:00 до 12:30 часот ул.,,Илинденска”, ул.,,1 Мај” , ,,29 Ноември , ул.,, Страшо Пинџур”- на ул.,, Илинденска” на проширениот дел

13:00 часот ул.,,Маршал Тито” и ул.,,23 Август”

15:30 Средба на Ромски Рид на ул.,,Прохор Пчињски”

22.11.2021 година – понеделник

10:00 до 10:30 часот  – ул.,,Дедо Иљо Малешевски”, ул.,,Кочо Рацин”, ул.,,Страшо Пинџур”, ул.,,Карпош”, ул.,,Белградска”, ул.,,Пиринска”- на ул. ,, Пиринска” до Ловен Дом

10:30 до 11:00 часот – ул.,, Туристичка”, ул.,,Козара”, ул.,,Маршал Тито”, ул,,Моша Пијаде”- плато на спој на ул.,,Туристичка” и ул.,,Маршал Тито”

11:00 до 11:30 часот – ул.,,15-ти Корпус” , ул.,,Малеш”, ул.,,Бел Камен” , ул.,,11 Октомври”, ул.,Никола Карев”, ул.,,Сутјеска”, ул.,,Јане Сандански”дел од ул.,,Моша Пијаде”- детски парк na ул. ,,11 Октомври”

11:30 до 12:00 часот – ул.,,Димитар Влахов” , ул.,,Димитрие Туцовиќ” , ул.,,Задарска” , ул.,,Младински Кеј”- на парк кај Зградите на Младински Кеј

12:00 до 12:30 часот- ул.,,Ширината”, ул.,,Ѓуро Ѓаковиќ” , ул.,,Вардарска” , ул.,, Велко Влаховиќ”- на спој на ул  .,,Ширината” и ул.,, Велко Влаховиќ”

12:30 до 13:00 часот – ул,,Јуриј Гагарин”, ул.,,Балканска”, ул.,,Братство и единство” , ул. ,,Борис Кидрич”, ул .,,Гоце Делчев” – кај стара амбуланта на спој на ул.,,Гоце Делчев” со ул. ,,Борис Кидрич”.

Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

  Категории: