ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ВРВОТ ПЕТЛЕЦ.

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ВРВОТ ПЕТЛЕЦ.
мај 03 13:42 2021

Пожарот кој два дена беснееше на врвот „Петлец“ конечно е ликвидиран и ставен под контрола.Како што истакна командирот на ТТПЕ Берово, Сашко Руменовски, утрото околу 7 часот, пожарот во кој гореше исклучиво ниска трева и папрат е изгаснат, а шететите според командирот не се големи.

-Околу 7 часот пожарот на Петлец е ликвидиран.Во гаснењето учествувавме 4 единици од Противпожарната служба и Шумското стопанство од Берово.Ветерот во текот на вчерашниот ден ни предизвикуваше проблем и го ширеше пожарот, кој зафати голема површина.Штетите од пожарот не се големи, бидејќи се работи за ниска трева и папрат.Нашите единици успејаа да спасат бавча со сливи, а пожарот зафати и дел обраснат со папрат околу споменикот на Даме Груев кој се наоѓа на врвот Петлец и не се предизвикани штети.Упатувам благодарност до нашите тимови и учесници од ТППЕ Берово и ШС Берово за дадениот придонес во справувањето со пожарот на Петлец – рече Руменовски.

  Категории: