ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕН ДЕН ВО ОСУ “АЦО РУСКОВСКИ” БЕРОВО

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕН ДЕН ВО ОСУ “АЦО РУСКОВСКИ” БЕРОВО
јуни 01 13:55 2022

Ве известуваме дека утре 02.06.2022 година, со почеток во 12:30 часот, во просториите на ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, ќе се одржи отворен инфо ден , каде што ќе бидат претставени  образовните профили кои ги нуди училиштето, за упис во прва година во учебната 2022/2023 година.

На настанот се добредојдени сите ученици, наставници и родители, за одблиски да бидат запознаени  со сите услови за учење во единственото средно училиште, на територијата на општина Берово.

Воедно Ве известуваме дека, сите ученици, кои ќе се запишаат во прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, од Буџетот на општина Берово за 2022 година, на почетокот на учебната година, ќе добијат по 5.000,00 денари.

  Категории: