Завшен настан на проектот „Зборувај гласно делувај јасно“

Завшен настан на проектот „Зборувај гласно делувај јасно“
октомври 27 16:52 2020

Во Берово се оддржа завршна работилца со презентирање на резултатите од проектот „Зборувај гласно делувај јасно“ финансиран од ИПА програма за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ кој го  реализираат Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ во висина од 737.000 денари.

На звршниот настан се потенцираа целите за подигнување на капацитетите на НЗСПШ, подобрување на отчетноста и одржливоста и воспоставување на партнерство за климатски промени со локални институции и организации и подобрување на јавното мислење особено за учество во развојот на политките на локално ниво во областа на заштита и управување со шумите во регионот. Преку проектот се реализираа три работилници и панел дискусија со околу 80 учесници.

     Почетна информативна работилница и панел сесија – промоција на проектот и активностите; (Форест фест)

     „Влијание на шумите врз климатските промени и заштита од пожари“-формирање на неформална локална група составена од локални институции и изготвен е информативен документ до Советите

   Заштита од пожари, и енергетска ефикасност преку употреба на шумски отпад со  користење на енергетски ефикасни ситеми“

Настанот го збогатија најмладите учесници од основните и средното училиште во Берово и Пехчево кои учествуваа на наградниот конкурс за што добија батерија на сончева енергија за паметни уреди – solar power bank ( за телефони, таблети и др). Учениците учестуваа со ликовни и литературни творби преку кои ги изразија нивните уметнички чувства за темата климатски промени и шумите.

Координаторот на проекто изрази благодарност до сите пратнери на локално ниво и истакна дека сите активности и средства се упешно реализирани, а не помалку значајно е тоа што проекто имаше и директно финсиско влијание и врз локалната економија и побара од присутните да се придружат во реализација на поголем број проект како и да се приклучат кон коалицијата за климнатски промени на национално ниво.

Од присутни дитректорот Пецуровска на ООУ Никола Петров Русински изјави дека климатските промени и зачувување на животната средина ќе бидат дел од наставата за време на одружување на часовите за одделенско раководство.

Директорката Наташа Аврамска на основното училиште Дедо Иљо Малешевски во Берово го поздрави настанот и искажа подготвеност за понатамошна поддршка и соработка со Националното здружение на сопственици на приватни шуми особено во делот на поддршка за теми како што се климатските промени.

Останатите учесници изразија пофални зборови за идејата и реализираните активности и искажаа подготвеност за продолжување на пратнерството на локално ниво како што се Центаот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП Национални шуми со подружниците Малешево и Равна река во Берово и Пехчево како и Територијалната против пожарна единица во Берово.

Исто така и партнерите здруженија награѓани кои присуствуваа на настанот истакнаа подготовеност за понатамошна соработка за идни проекти.

Проект активностите ги реализра во рок од една година во услови на глобална пандемија и целосно ги исполни очекуваните резултати.

  Категории: