ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – БЕРОВО.

јуни 05 20:31 2018

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила на патот Делчево – Берово, при судир на два автомобила. Станува збор з алица на возраст од 60 години од Пехчево кој со скршеници и набиеници на повеќе делови од телото е пренесен во Штипската клиничка болница. Поради тежината на повредите е задржан на понатамошно лекување, но опасност по неговиот живот нема.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Штип, која треба да ги разјасни околностите кој довеле до судирот на двата автомобила.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: