Делта сојот земав силен замав во светот, Македонија и Балканот зафатени од турбо фолк пандемија.

јули 04 11:59 2021

Повеќе од месец дена рестораните, кафичите и ноќните клубови работат со полн капацитет. Дали тоа ќе биде причина за на есен да го доживееме најцрното сценарио со нови ригорозни мерки?

Во текот на работните денови се прават резервации за во клубовите, настапуваат и гости од соседството. Викендите се резервирани за добра забава како и пред пандемијата, се зголемува интересот кај граѓаните за концертни вечери.

Но, во соседна Србија и Грција веќе се регистриранипрвите позитивни случаи на Делта сојот.

Минатата вечер беа објавени многу видеа и фотографии од преполни кафичи ширум Македонија…Во Штип, Прилеп, Битола, Стурмица. Вчера вечер во Охрид настапи познатата ѕвезда Јелена Карлеуша, а во Штип Саша Матиќ. https://www.instagram.com/p/CQ5b5AvhYhj/embed/?cr=1&v=13&wp=997&rd=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk&rp=%2Fdelta-sojot-zemav-silen-zamav-vo-svetot-makedonija-i-balkanot-zafateni-od-turbo-folk-pandemija#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A1913.5000000023865%2C%22ls%22%3A1145.5000000059954%2C%22le%22%3A1159.4000000040978%7D

Додека земјите како Португалија, Австрија, Русија се обидуваат да се справат со драматичното зголемување на новозаразени и починати лица од Ковид-19, Србија го организира најспектакуларниот настан во годината, “Егзит Фестивал”.

Иако за влез од Северна Македонија во Србија не е потребен никаков вид на дополнителни документи освен документот за лична идентификација, за влез на „Егзит“ сепак ќе биде потребен доказ за вакцинација или негативен антигенски тест.

Организаторите на фестивалот преку официјалните веб-страници ги објавија процедурите за влез на посетителите
на овогодишното издание на фестивалот. Според предвидените протоколи, влезот на Петроварадинската тврдината од 8 до 11 јули
за сите посетители ќе биде ограничен на неколку начини.

„Четиридневната влезница треба да се замени за фестивалска нараквица. За оваа цел, посетителите од Македонија на заменските места треба да покажатсертификат за целосна вакцинација или потврда дека прележале Ковид-19, или испечатен Дигитален зелен сертификат (доколку се вакцинирале во Србија)“, соопштуваат од „Егзит“.

За оние кои купиле влезница а не се вакцинирани, фестивалот ќе овозможува бесплатен брз антигенски тест.

  Категории: