ВОЛК СЕ ПРОШЕТА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СЕЛО ВЛАДИМИРОВО!

ВОЛК СЕ ПРОШЕТА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СЕЛО ВЛАДИМИРОВО!
септември 16 18:10 2021

Волк се прошета низ центарот на село Владимирово. Случката на својот фејсбук профил ја документираше претседателот на здружението Владимирски Илинденски Средби, Бранко Ужевски, а волкот како што се вели во коментарите под објавата е виден уште пред две недели во близина на црквата во селото, но за прв пат е забележан како се движи низ главната селска улица. 

Друг жители во продолжение на објавата коментира дека најмалку 5 волци во изминатиот период се забележани во атарот на ова беровско село.

Во коментарите се наведува и дека нема потреба за паника помеѓу жителите бидејки станува збор за куче во сопственост на еден од жителите на селото што засега не е потврдено во целост.

Како и да е, освен волци во беровско деновиве во повеќе рурални средини како што информираат земјоделци, забележливи се диви свињи во неколку делчевски села. На удар на дивите свињи е се уште несобраниот род, пченка и компирот кој вообичаено се ,,прибира” од нивите на почетокот на есента.

Ловџиите кои се подготвуваат за почетокот на ловната сезона која стартува на 1 октомври ја потврдија информацијата; додавајки дека главната причина за нивно ,,спуштање” во пониските средини е недостигот на храна.

Објавата на Ужевски за волкот кој бил забележан во Владимирово во продолжение: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2884761858500657&id=100009006132339

  Категории: