(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ОД БЕРОВО: НА ОГЛАСИТЕ ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ КАНДИДАТИ ОД РОМСКАТА, СРПСКАТА, ТУРСКАТА И СИТЕ ДРУГИ ЗАЕДНИЦИ

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ОД БЕРОВО: НА ОГЛАСИТЕ ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ КАНДИДАТИ ОД РОМСКАТА, СРПСКАТА, ТУРСКАТА И СИТЕ ДРУГИ ЗАЕДНИЦИ
јули 11 16:06 2022

На новинарско прашање поставено од редакцијата на Малеш Нет, зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи на огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската,српската, турската и од сите други етнички заедници.

-За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде апел самите да се пријават , да учествуваат во селекцијата, да се натпреваруават и секако дека сите оние кои се заинтересирани, имаат желба, добро ќе ги поминат овие селекции можат да бидат дел од македонската полиција, вели Спасовски. Забележа дека изминатите години освен што е водено грижа за етничката застапеност, внимание е свртено е кон родовата застапеност во службите, но и на раководните позиции.

Министерот, Спасовски денеска беше во посета на ОВР-Берово, каде што е извршена реконструкција на обектот. Генерално безбедносната состојба е мирна, стабилна, со многу предизвици. Државата има извонредна геостратешка положба и тоа придонесува да има добар пристап, комуникација со другите држави, но и тоа носи низа на безбодносни предизвици и ризици, оцени министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува безбедносната состојба во земјава, поради актуелните протести против францускиот предлог.

-Така да не се само сега протестите, како еден од безбедносните ризици. Тоа е моменталната состојба. Ние сме постојано со предизвици безбедносни, ако ги погледнете миграцијата, тероризмот, прекуграничниот криминал, сајбер безбедноста на којашто многу малку посветуваме внимание и од тој аспект сакам да знаете дека со сиот свој капацитет и Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност работат се со цел да се сочува безбедноста, стабилноста на државата, вели Спасовски.

Смета дека мирниот протест е демокртаско право, а највисока демокртаска оценка може да добие една држава, која го почитува ова право.

-Јас апелирам до сите граѓани, коишто протестираат да протестираат мирно и достоинствено. До политичките субјекти да направат се, бидејќи тие се оние коишто креираат состојби, мислења и да повикуваат на смиреност наспроти радикализација. Преку мирни протести може да се изрази својот став, додека преку вандализам, радикализам и преку насилство не може да се постигне ништо рече, Спасовски.

Побара од страна на демонстрантите да ги почитуваат полициските службеници, бидејќи, какошто вели Спасовски тие се кои ни ја чуваат стабилноста на државата.

  Категории: