(ВИДЕО) КРАЛСКА ПОДДРШКА ОД ХУНЗИТЕ ЗА ГОРАН АЛАЧКИ

(ВИДЕО) КРАЛСКА ПОДДРШКА ОД ХУНЗИТЕ ЗА ГОРАН АЛАЧКИ
октомври 15 10:15 2021

Кандидатот за градоначалник на Берово, популарниот и признат музичар, хармоникаш, композитор и аранжер Горан Алачки се чини дека доста посветено и амбциозно ја води својата политичка кампања, секојдневно докажувајќи и на јавноста дека неговата визија за Берово е онаа вистинската и дека беровчани без размислување треба да го поддржат доколку си посакуваат просперитетна општина. Тој постојано е на терен, меѓу своите беровчани и секојдневно работи на преставувањето и доближувањето на неговата програма “Мое Берово”, во која туризмот и културата го заземаат приоритетно место како области што можат на ова место да му донесат просперитет и дополнителна афирмација.

Неодамна Алачки откри дека планира во селото Ратево да ја реконструира и колибата каде престојувала прославената Мисс Стоун со четата на Јане Сандански, за која е снимен и историскиот филм, нагласувајќи дека тоа може да биде голема туристичка атракција за Ратево и Малешевијата.

Да потсетиме дека Алачки е надпартиски кандидат за Градоначалник на Берово, што доби безрезервна поддршка и од партијата “Интегра”, а деновиве како ексклузива одекна и кралската поддршка за неговата кандидатура и тоа лично од самиот Крал на Хималајското Кралство Хунза-Мир Газанфар Али Кан, истовремено и гувернер и администратор на Северен Пакистан.

Кралот заедно со неговата сопруга Карлицата Рани Атиqа, преку видео порака ја испратија нивната поддршка за Горан Алачки.

За оние кои не знаат,Кралското семејство од Хунза е високо респектирано во регионот и во светот.Тие се често домаќини на највидните фигури од светската политика и кралските кругови.

Дознаваме дека взаемното почитување на Алачки со Кралското семејство од Хунза датирало одамна, а последната средба им била пред 3 години.

Инаку пошироката јавност знае дека нашата поврзаност со народот од хималајското Кралство Хунза е тема на многу научни и новинарски истражувања во годиниве наназад. Факт е дека станува збор за народ со свои специфики, сосема различен од сите во опкружувањето, кои за себе велат дека се Македонци, потомци на Александар Македонски.

Текст: Биба Крнческа