БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ПОДРЖКА НА НВО.

април 04 14:35 2018

Со финансиска помош од буџетот на Општина Берово, ке бидат финансирани невладините организации, здуженија на граѓани и фондации во јавниот повик кој деневиве го објави Општината.За таа цел беше организиран инфо ден на кој претставниците на невладиниот сектор од Берово имаа можност подетално да се запознаат со начинот на аплицирање и критериумите кои ги налага самиот повик.Максималниот износ на донацијата на средствата од буџетот е во висина од 300.000 денари,предвидени во рамките на програмата за Локален економски развој за НВО и здруженија во неколку области.
Сите здрженија и НВО кои дејствуваат во Општина Берово, ке можат своите апликации да ги достават најдоцна до 16 Април до кога трае и огласот, каде потоа ке бидат разгледувани и бодувани од страна на комисијата.

  Категории: