БЕРОВСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА 21 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА КАПЕТАН ЗОРАН БУБЕВСКИ

БЕРОВСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА 21 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА КАПЕТАН ЗОРАН БУБЕВСКИ
мај 31 16:37 2022

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето на четворицата загинати бранители од Берово, претставници на Советот на Општина Берово од ВМРО-ДПМНЕ како и општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ од Берово одбележаа 21 години од трагичното загинување на капетан Зоран Бубевски.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ружински истакна дека на следната седница на Советот на општината ќе поднесат иницијатива за преименување на улици во Берово во чест на тројцата бранители кои загинаа во конфликтот во 2001 година.

-Денес е 31 Мај 2022 година, 21 година од загинувањето на капетан Зоран Бубевски-Барба.Овде сме како советничка група на ВМРО-ДПНЕ и ОК на ВМРО-ДПМНЕ, да оддадеме голема почит и благодарност до Зоран Бубевски-Барба и хероите кои во 2001 година го дадоа својот живот.Како советничка група до Советот на Општина Берово ќе поднесеме иницијатива за преименување на улици во Берово кои ќе ги носат имињата на четворицата бранители, оран Бубевски, Никола Пехчевски,Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски.Слава им! – рече Петар Ружински од советничката група во Советот на општина Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку на денешен ден, пред 20 години, носејќи храна на бранителите кај Караулата во Биљак на Скопска Црна Гора, загина капетанот Зоран Бубевски од Берово. Загина за Македонија од мина поставена од албански терористи. За 10 дена не го дочека својот 33 роденден.

Вечна слава на херојот!

Во продолжение видео од настанот:

  Категории: