БЕРОВСКИТЕ ПРВАЧИЊА ДЕНЕСКА СТАНАА ЧЛЕНОВИ ВО ДЕТСКАТА СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА.

БЕРОВСКИТЕ ПРВАЧИЊА ДЕНЕСКА СТАНАА ЧЛЕНОВИ ВО ДЕТСКАТА СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА.
октомври 06 00:32 2018

Првачињата станаа дел од детската светска организација под мотото,,Градиме мостови, чекориме напред.

Постарите ученици од училиштето им подготвија пригодна приредба, со што на нивните помлади другарчиња им посакаа добредојде и им го честитаа приемот во детската организација.

Честитки, по повод влегувањето на првачињата во детската светска организација, упати Директорот на училиштето, Наташа Аврамска,  која истакна дека со приемот во детската светска организација, тие стануваат рамноправни со сите деца.

Првачињата  дадоа свечена заклетва и чесен татковински збор дека ќе ги слушаат наставниците, ќе бидат примерни и вредни ученици и ќе се дружат со своите другарчиња а од страна на наставниците  добија и скромни подароци.

Деновиве, кога со низа активности ја одбележуваме Светската недела на детето, не смееме да заборавиме дека училиштето е нивниот втор дом.

Вложувањето енергија во децата  е вложување во иднината,  тие имаат право да живеат во демократско и хумано општество,  да учат и да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците со кои ќе се судрат низ животот.

  Категории: