АУДИЦИЈА ЗА ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ “МАЛЕШЕВСКО ЗВОНЧЕ”

АУДИЦИЈА ЗА ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ “МАЛЕШЕВСКО ЗВОНЧЕ”
мај 11 16:06 2022

После две пандемски години, по 11 пат ќе се одржи детскиот фестивал„Малешевско звонче“ кој има за цел да им помогне на најмалите талентирани дечиња, да зачекорат во светот на музиката и најважно да се забавуваат и другарување.

Аудицијата за фестивалот во Берово за оваа година ќе се одржи на 16.05.2022, а главен организатор е нашиот композитор и музичар Дарко Димитриевски.За местото и времето на аудиција дополнително ќе биде известено.

На аудицијата можат да учествуваат сите дечиња од 5 до 12 години, додека сите заинтересирани за учество на фестивалот ,,Малешевско ѕвонче” можат да се пријават на телефон 075 835-622 кај чичко Дарко Димитриевски или на фб страната на Malesevsko Dzvonce .

Инаку детскиот музички фестивал „Малешевско звонче“ за прв пат се појави во 2010 година на музичката сцена.Оттогаш традиционално се одржува секоја година освојувајќи ги срцата на младата и повозрасната публика, со своите весели и разиграни песнички.

  Категории: