АСФАЛТИРАНА ГЛАВНАТА УЛИЦАТА “МАРШАЛ ТИТО ” ВО С.СМОЈМИРОВО

АСФАЛТИРАНА ГЛАВНАТА УЛИЦАТА “МАРШАЛ ТИТО ” ВО С.СМОЈМИРОВО
ноември 04 20:40 2021

После два и пол месеци градежни работи, жителите на беровското село Смојмирово, ќе газат по новиот асфалт, на главната улица ,,Маршал Тито” чие што асфалтирање вчера е реализирано во рамките на Програмата за изградба на лпкални патишта и улици за 2021 година..

Реконструирана е улицата во должина од 593.70 метри, ширината на коловозот на улицата од 4,50 метри, односно 2 коловозни ленти со ширина од по 2.25 метри, при што извршено е проширување на коловозот на улицата, која воедно е главна артерија на селото и се спојува со регионалниот пат.
Улицата ,,Маршал Тито” во село Смојмирово, започнува со формирање на раскрсница со Регионален патен правец Берово-Делчево и крајот на улицата формира раскрсница со ул. ,,Димитар Влахов”.


Со реконструкцијата на оваа улица, голем број жители од с. Смојмирово, добиваат олеснет пристап до своите семејни куќи и се заокружува поголема целина на патна мрежа во селото, со проширен коловоз. Оваа ќе придонесе кон подобрување на условите за живот во руралните места и ќе се овозможи на жителите да користат и други услуги кои се од значење за подобрување на условите во руралните средини. Ќе се подобри инфраструктурата, социјалната кохезија на жителите на оваа улица но и на остантите граѓани и посетители во с. Смојмирово.

Сретствата во износ од 3.546.587,00 се обезбедени 50% од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на селата а останатите 50 % се кофинансирање од општинскиот Буџет.

  Категории: