АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД УТРОВО ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ ВО ПАСЈАК.

АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД УТРОВО ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ ВО ПАСЈАК.
август 04 12:11 2021

Со хеликоптери од АРМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во с. Нов Истевник. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар кој е активен 48 часа на планината Средна, беше неопходна поради интензивирањето на пожарот и неможноста да се локализира и да се стави под контрола поради непристапниот терен, сувата трева и ветерот.

Инаку, активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРСМ, припадници на Граничната полиција, Просторнте сили на Општина Делчево заедно со екипи на ЈКП „Брегалница“ ЈП Национални шуми, екипи на ТППЕ од Делчево и регионот.

Воедно, градоначалникот Трајковски изрази благодарност до сите поединци, институции и фирми кои се максимално ангажирани во борбата со огнената стихија.

-Големиот пожар кој сè уште пустоши над делчевското село Нов Истевник ја става на тест и општествената одговорност и хуманоста на поединци, институции, фирми. Изразувам благодарност за несебичноста и одговорноста на голем број делчевци кои се вклучија директно во борбата со огнената стихија, но и за несебичната поддршка во материјали и средства. Хуманоста и општествената одговорност се одлика на одговорни и големи луѓе кои знаат дека и со мал придонес може да направат големи промени, порача Трајковски.

Градоначалникот Трајковски изразува голема благодарност и до „Дади Компани“ за донацијата за гориво за возилата на ТППЕ, „Жито-маркети“ за обезбедувањето храна за учесниците во гаснењето на пожарот, ЕВН за поддршката со теренски возила, „Пеке“ ДООЕЛ за нивната собирна акција на средства и вода која се дистрибуираше до критичните реони зафатени од пожарот, а секако и до ОО на Црвениот крст Делчево чии волонтери се секогаш таму каде што е најпотребно.

  Категории: