ЌЕ СЕ РЕНОВИРА СКЕЈТ ПАРКОТ ВО БЕРОВО.

ЌЕ СЕ РЕНОВИРА СКЕЈТ ПАРКОТ ВО БЕРОВО.
јануари 09 00:37 2021

На реакцијата на порталот Малеш Нет и наши сограѓани за лошата состојба на Скејт паркот во Берово, вечерва со соопштение излезе градоначалникот Звонко Пекевски.

Тој истакна дека за брзо време поточно во март, ќе започне реновирање на Скејт паркот, со што Берово во пролетта би добил ново прекрасно скејт место, кое би ја надополнила убавината во целиот град.

Секако ова е уште една потврда за правилната реакција на нашиот портал, позитивно оценета и од градоначалникот Пекевски и дека само со јавно изнесените пораки можеме сите да придонесеме да се решат нештата кои сите не засегаат.

Во соопштението Пекевски вели:

  • Почитувани граѓани. Скејт паркот во Берово, кој беше изграден пред неколку години, креира нова супкултура и урбана димензија кои му додадоа уште поголема привлечност и убавина на најубавиот град, Берово. Млади луѓе се забавуваат и уживаат во него, тој ја дополнува глетката на сите кои ќе поминат покрај него на убава прошетка по кејот. Но паркот веќе некое време остана вандализиран и со искршени елементи од несовесни граѓани кои можеби и не знаат подобар начин на комуникација со општеството, граѓаните, соседите и луѓето околу нив освен реакција на насилство, но тоа е сосема друга тема, нема да навлегуваме денес во неа.Ние сме тука да градиме, да унапредуваме, да создаваме услови за подобар и поквалитетен живот на граѓаните во нашата општина.По минатонеделната правилна реакција на еден локален медиум и граѓани директно засегнати од користењето на паркот сакам да известам дека паркот секако е планиран за брзо реновирање и враќање во првобитната атрактивна состојба спремен за користење. Во план е реновирањето да се изведе во месец март со почетокот на пролетта со цел да ги избегнеме зимкските неприлики кои и да го реновираме веднаш ќе влијаат врз неговата состојба и квалитетот на користењето и уживањето во него. Со доаѓањето на пролетта кога Берово е прекрасно, ќе имаме и нов реновиран скејт парк кој само ќе ја дополнува убавината на целиот град – вети градоначалникот Звонко Пекевски.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.