„ЈУОВЕЦ“ ЕДНО ЗАБОРАВЕНО МЕСТО.

„ЈУОВЕЦ“ ЕДНО ЗАБОРАВЕНО МЕСТО.
декември 14 05:04 2020

Од тука се гледа Берово, распослано в должина и в ширина, од тука се гледаат шумите малешевски, а тивко е и мирно чиниш нема живот наоколу. Прекрасно е човек да прошета во околината на градот во ова време невреме кога контактите и комуникацијата ни се оправдано ускратени, но неможе а да не те фати јанѕа ако си на Јуовец или, како што порано ова место го викавме “Бричките”. Не може а да не ти се заледи крвта при глетката сегашна. Зборови се малку да се опише она што го нарекуваме сегашно време за ова место кое на генерации и генерации наши сограѓани им чува најубави спомени од детството, од младоста.

Почнувајќи од далечната1929 година, граѓаните,младината и учениците од Берово,ги засадија првите борчиња на Јуовец.

Едно време се чуваа срни и зајаци како своевиден резерват и беше вистинска атракција да се прошеташ во околината на градот и да ги видиш, да уживаш. Тука се правеа најубавите завршници на школските години, приредби.Ечеше детската песна и џарот на далеку, паѓаше и по некоја солзичка. Се правеа најубавите во свое време диско забави, плави вечери, игранки. Младоста беше присутна на секаде. Тука се раѓаат нови љубови и правеше живот најубави спомени. Прекрасните шумски куќички или кампови беа исто така дел од минатото време на Јуовец, пленеа со својата едноставност и немаше а на некој да не му се допаднат. Но, времето смени многу газди и желби за сопствеништво , смени ама она во каква состојба е сега Јуовец е навистина поразително.

Објектите се целосно руинирани, уништено е се што можело да се уништи. Дел од шумата посече, опустошени а оној другиот дел никогаш не среден и очистен. Депонии насекаде. Констатацијата дека човекот е најголемото зло за природата тука е на престолот. Ако имате убави спомени од Јуовец, од Бричките, сегашната слика и состојба ќе ви ги помати.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.