ЈУГОСЛАВ БЕЛАДА: РАТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ СЕ БОГАТСТВО НА МАЛЕШЕВИЈАТА

ЈУГОСЛАВ БЕЛАДА: РАТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ СЕ БОГАТСТВО НА МАЛЕШЕВИЈАТА
јануари 22 20:26 2022

Црногорскиот фотограф кој десетина години е присутен на Ратевскиот карневал и оваа година преку неговиот објектив ја долови шест вековната традиција на Ратевци.Во селото Ратево па и пошироко во Малешевијата, сите го познаваат по неговата харизма и прекрасните фотографии, а Ратевци го сметаат за најголемиот промотор на Ратевските Бамбурци.

фото:Југослав Белада

Како што рече за нашата редакција, неговата поврзаност со Берово и селото Ратево, по некоја околност е што неговата сопруга потекнува токму од овие краишта.Љубопитноста за древната традиција на Ратевци го натерало уште пред една деценија, да го посети селото и да присуствува на Ратевскиот карневал, па така секоја година на 20 Јануари, тој е присутен во селото Ратево.

-Народите кои имаат култура се среќни, а оние кои се уште имаат традиција се богати.Ратевските Бамбурци се еднинствен културен и традиционален настан, кој веројатно се протега со векови и следи линија која датира од паганските времиња, кога се празнувале некои други празници и богови.Насекаде сум бил, имаме и ние во Црна Гора фестивали каде доаѓаат гости од многу земји и со слични маски, но тука е нешто посебно.Ратевските Бамбурци за мене се нешто големо, историско и традиционално случување. што ретко може да се види денес.Од моја гледна точка, Македонија е богата со обичаи поврзани со векови и слични традиции.Секоја локална заедница треба да биде свесна за какво културно богатство поседува и да работи на негово зачувување – истакна Југослав Беледа.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од Ратевскиот карневал направени од објективот на Југослав Белада.

Фото: Југослав Белада

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.