ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПИЈАВИВАЊЕ ЗА РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2022

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПИЈАВИВАЊЕ ЗА РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2022
февруари 22 11:41 2022

Општина Берово , после пауза од една година организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал 2022 година, кои традиционално се организираат, а со цел, спортување, подигање  на спортскиот дух во градот и подобрување на  соработката помеѓу институциите, и правните субјекти .

Настанот ќе се одржи во периодот–март – април 2022 год. 

Општина Берово, како домаќин -организатор на овие игри , ги поканува сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат  учество, да се пријават  за учество  на работничките спортски игри .

Пријавувањето  ќе  трае до 25.02.2022 год. ( петок )   до 14.00  часот.

Турнирот е планирано да започне на 07.03.2022 год. (понеделник).

Пред почетокот на извлекувањето на групите, или распоред на натпреварите сите екипи се должни да достават точен список на   вкупно 10 играчи  кој ќе биде на увид на сите екипи учесници, со сертификати за COVID -19  со примени две дози на  вакцини или сертификат за прележан COVID -19  не постар од 180 дена.

Овој список ќе биде конечен се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него.

За најдобрите учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.

Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово.

Лица за контакт од Општина Берово:

Новица Печински          тел. 078 568 818

Александар Мановски тел. 071 210 957

Зоран Нешкевски          тел. 071 626 649

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.