ШОК ЗА РЕАЛ МАДРИД: ЗИНЕДИН ЗИДАН СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА!

ШОК ЗА РЕАЛ МАДРИД: ЗИНЕДИН ЗИДАН СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА!
мај 31 18:27 2018

Францускиот тренер Зинедин Зидан свика вондредна прес-конференција на која соопшти дека повеќе нема да го води Реал Мадрид.

Легендата на францускиот фудбал кој има 45 години на Реал Мадрид му донесе многу успеси, пред се во Лигата на шампионите, каде трипати го крена „долгоушкото“. Французинот ја донел одлуката по разговор со Флорентино Перез.

Зидан го водеше Реал Мадрид од 2016 година, а зад своето име покрај трите титули во Лигата на шампионите освои два трофеја на Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот, како и по еден во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп.

Французинот го наследи Бенитез во 2016 година и освои девет трофеи во неполни три сезони. Во 878 денови минати на клупата на клубот од Мадрид, Зидан сруши серија на рекорди и стана омилен во амбиентот и меѓу навивачите. Претходно Зинедин Зидан ја освои Лигата на шампионите и како фудбалер и како помошник на Карло Анчелоти.

 

Извор: gol.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.