ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ПОВТОРНО ОДИ НАГОРЕ – ВОЗАЧИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ.

мај 28 18:03 2018

Од полноќ цената на горивата повторно  оди нагоре. Овој пат,  рафинериската цена ќе биде повисока  за 4,8 %  по литар, а малопродажната за 3 % што е второ покачување  за само една  недела.

Сега,  цените се  71,5 денари по литар за  95 , а  73,5 денари  за 98  октански бензин. Цената на нафтата е  65 денари.

Новото покачување   на возачите повторно им го расипа денот и нормално, тие повторно се незадоволни:

  • Многу е лошо, премногу се качи особено нафтата, веќе и оваа работа околу такси превозот не е исплатлива, ако не ги покачиме цените, што е многу многу е, рекоа возачи.

Но,  речиси е сигурно дека на  ново незадоволство долго нема да се чека  бидејќи  за сосема кратко ќе следува  ново покачување. Крајната цел  на креаторите на новите цени не може да се предвиди, но според  анализа  на  експерти, овој пат тие ќе отидат многу далеку.

Така, во Грција се очекува цената  на  бензинот да се протегне  до 2,5 , во Хрватска до 1,8, Бугарија  1,5 а Албанија  1,4 евра по литар.

Кај нас,   според истите анализи на  експерти од различни земји,  цената на  бензинот многу бргу ќе  допре до  80 денари по литар.

Иако  не многу одамна на граѓаните на нашата држава им се ветуваше  друго,    сега се испоставува  дека  ни се  случува токму спротивното. Како  и да е, освен  за возачите покачувањата   последици ке  имплицираат  на целата економија  а последиците се  добро познати.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.