ХУМАН ГЕСТ НА МИЛО ДЕСТАНОВСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ ДО БЕРОВСКИТЕ РОМИ.

ХУМАН ГЕСТ НА МИЛО ДЕСТАНОВСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ  ДО БЕРОВСКИТЕ РОМИ.
април 29 20:02 2020

По иницијатива на нашиот сограѓанин Мило Дестановски, денес на сите Ромски семејства во Берово, беа обезбедени над 200 прехрамбени пакети помош, која би помогнале за полесно справување со вирусот.

Како што вели организаторот на хуманиот гест Мило, станува збор за хуманитарна донација, каде заедно со неговите пријатели од Америка, Австралија и Словенија, како и нашите Малешевци кои живеат во Америка, донираа средства со цел да им се помогне на Ромите, кои најмногу се погодени од пандемијата Ковид 19.

  • Сета оваа работа со вирусот, која на сите нас влијае, највеќе ги погоди Ромите, па затоа најдов начин за да помогонам, поточно јас и со поддржка на моите познаници од неколку континенти, организирав онлајн донација, каде се собраа доволно средства за да им излеземе во пресрет на моите сограѓани, роднини и пријатели, поточно на сите Роми во Берово.

Хуманитарната акција беше спроведена од страна на членовите на неговата група Етно-Малеш, до секоја Ромска куќа и до неколку ранливи семејства од сограѓаните Македонци во градот.Вели дека тука не застанува, вакви акции следуваат повторно.

  • Тука не застанувам, сето ова продолжува и се додека сум во можност ќе помагам.Акцијата и во моментот сеуште трае и се надевам дека во најскоро време ќе има слични вакви акции за повторно да помогнеме за колку толку да им олеснам, на моите Малешевци во ова тешко време.Сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа за сето ова да се случи и до Џесика Руис за големата поддржка која ми ја даде.

Граѓаните пак му се заблагодарија на Дестановски и порачаа дека ваквиот потег е добредојден за нив во овие моменти.

Инаку Мило Дестановски, е наш Беровчанец, кој долги години ја негува и промовира Малешевската етно песна и ора.Добро им е познат на Беровчани со неговите изведби на зурла на сите фестивали во Македоија и други држави и сорботката со голем број артисти насекаде во светот.Тој веќе неколку години живее и работи во Америка, каде и таму ја пренесува богатата Македонската музичка култура,Малешевските зурли,Ромската култура, преку часови и семинари.

Тешката ситуација на Ромите ширум Македонија, уште потешка ја направи Корона вирусот.Најзасегнати се токму тие.

Погодени се и Беровските Роми, на кои музиката им е професија и главната преокупација. Се жалат на ситуацијата, бидејќи сите веселби се откажани, а сето тоа негативно влијае на нивната егзистенција.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.