ХУМАН ГЕСТ ЗА КУРБАН БАЈРАМ НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ВО НЕКОЛКУ ГРАДА ВО МАКЕДОНИЈА.

ХУМАН ГЕСТ ЗА КУРБАН БАЈРАМ НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ВО НЕКОЛКУ ГРАДА ВО МАКЕДОНИЈА.
август 02 22:10 2020

Во последните неколку години,Ахмадија муслиманската заедница во Македонија,заедно со хуманитарната организацијата Хјумените фрст од Германија, им служи на граѓаните на Малешевијата и неколку градови од истокот, со донација на најразлична помош вов вид на лекови,хуманитарни пакети, а за празникот Курбан Бајрам излегуваат во пресрет на сите муслимани и сиромашни со донација на курбанско месо.

Членовите на Ахмадија заедницата во Германија, кои немаат можност таму да принесат курбан, донираат средства за овде да се изврши чинот со принесување жртва-курбан во нивно име,за нив и за сите муслимани во Малешевскиот регион и пошироко.

Оваа година за празникот Курбан Бајрам,Ахмадија заедницата обезбеди курбанско месо од четири бикови, за околу 450 семејства,кој беше поделен на сиромашните граѓани во Берово,Пехчево,Виница,Кочани и Куманово.

Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство.

Според верувањата на исламот,принесувањето жртва – курбан има симболика на приближување кон Аллах.Кога се принесува курбан овде лежи пораката за нас дека како што курбаните го даваат животот за нас,ние треба секогаш да бидеме спремни да ја жртвуваме својата душа за себе заради задоволството на нашиот господар.

Ако некој мисли дека празникот Курбан Бајрем е само принесувањето жртва на овци,бикови или месо,тогаш не сватиле, затоа што во Куранот Бог вели: „Вашата крв и месо не стигнуваат до Бога,туку вашата богобојазност“.Тоа е пораката за сите нас, да ние кога го славиме Бајрам,ние треба да станеме уште повеќе богобојазни,се повеќе да го обожаваме Бог,повеќе да го чуваме човечанството,да ги исполнуваме потребите на човечанството.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.