ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ЗА ПРАЗНИКОТ ПРОЧКА.

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ЗА ПРАЗНИКОТ ПРОЧКА.
март 14 14:07 2021

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ БЕРОВО денес по повод христијанскиот празник Прочка, организираше хуманитарна акција, каде беа поделени триесетина пакети со прехрамбени продукти на семејства на кои им се најпотребни. Пакетите ги поделија членови на ОК Берово низ беровските села.

  • Знаејќи дека овој празник е посветен на простувањето и прочистувањето на душата пред почетокот на Велигденскиот пост сакаме да потсетиме дека секој од нас во своите можности треба да помага и да простува. Живеејќи денес во ова тешко време на пандемија која предизвика уште поголема сиромаштија која придонесе за уште поголемо разединување на народот треба да се потсетиме на она што е важно, а тоа е семејството, пријателите, роднините, комшиите, … Да не заборавиме да простиме, но и да побараме прошка. Да пружиме рака на оној на кој му е потребна и да се потсетиме на важните работи околу нас, а тоа е љубовта, слогата, прошката и надежта дека ќе дојде подобро утре – истакнаа од ОК ВМРО ДПМЕ Берово.

На сите христијани ОК на ВМРО – ДПМНЕ Берово им го честита денешниот празник, посакувајќи да го поминете во кругот на семејството и да не заборавите да побарате прошка, но и да простите.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.