Хотел Манастир

Хотел Манастир
март 08 01:50 2018

Хотелскиот комплекс „Манастир“, е основан во 2004 година, со изградбата на првото хотелско крило, ресторанот и ресторанската тераса. Денес располага со уште две хотелски крила, во чии што состав влегуваат 30 соби, сала за семинари, ВИП салон, СПА содржини, две летни тераси, „чардак“, спортски терени и детско игралиште и надгледуван паркинг простор. Идејата за развивање на алтернативниот туризам во приказната за „Манстир“ е мисла водителка. Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, сите овие елементи „Манстир“ многу вешто ги спакува и вклучи во својата понуда. Она што ние им го нудиме на нашите гости е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција…, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам

 

 

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.