ХИВ/СИДА во општините од Истокот има се повеќе.

април 02 21:21 2018

ХИВ/СИДА во општините од Истокот има се повеќе. Предничат Штип и Кочани, покажуваат податоците од центрите за јавно здравје.

Во моментов, во петте општини кои ги покрива центарот за јавно здравје од Кочани – Кочани, Виница, Берово, Делчево и Пехчево, бројот на заразени е 18:

  • И тоа 11 во кочани, по три во Виница и Делчево и еден во Берово, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог во Центар за јавно здравје – Кочани.

Само лани во  Штип се региестрирани четири новозаболени:

  • Имаме три новоинфицирани со ХИВ вирусот, повторно се мажи. Во возрасна група се од 20 до 40 години, преку начин на пренос маж секс со маж. Во нашата земја најголем дел од заболените се мажи при секс маж со маж, изјави д-р Светлана Живкова, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.

Ваквата состојба го вклучи алармот кај надлежните на црвено, па се повеќе активности на епидемиолозите се насочени кон едукација. Бидејќи најпогодена е младата популација, токму таму се засилени и предавањата. Дел од тоа се и циклусот предавања кои се одржуваат восредните училишта во Кочани, а во организација на тамошниот центар за јавно здравје.

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.