ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МАЛЕШ ВО НЕВИДЕНА СОСТОЈБА.ИГРАЧИТЕ СО УЛТИМАТУМ ДО УПРАВАТА.

август 01 02:27 2018

Играчите на фудбалскиот клуб Малеш, денес се заканија со бојкот на стартот на новата сезона во третата лига исток каде настапува и нашиот клуб.Тие со ултиматум до управата истакнаа дека доколку не се сменат состојбите во клубот кои се на многу лошо ниво и не се исполнат нивните барања,  сезоната на натпреварувањето што престои нема да се случи.

Сето тоа не оди на прилог на никој велат фудбалерите на Малеш, но вината ја гледаат кај луѓето кои девет месеци даваат лажни ветувања и побараа оставка од претпоставените во клубот.На денешниот состанок коишто го очекуваат велат дека ќе се знае дали ке има фудбал во Берово или не.

Тие исто така побараа подржка и испратија апел до сите коишто можат да помогнат да се реши ситуацијата во клубот и истакнаа дека токму оваа сезона е моментот кога фудбалскиот клуб Малеш со поголема ораганизироност има шанси да влезе во втората лига.

Едно од барањата на фудбалерите на Малеш е да се подмират средствата спрема нив кои ги заслужиле од претходната сезона, потенцирајќи ги лажните ветувања кои им биле дадени од луѓето на клубот.Се соочуваат како што велат со немање на топки и опрема за играње, а условите на теренот се на ниско ниво.

Дека клубот е во очајна состојба , покажуваат и снимките фатени од објективот на Малеш Нет, каде што и самите можете да видите дека никој не се грижи за бисерот на фудбалско Берово.

Инаку фудбалскиот клубот  Малеш веќе одреден период е во завидна ситуација.Догодина клубот слави 100 години од своето постоење, кое е реткост за било кој клуб во државата и бившите југословенски републики, а со неорганизираноста и пропустите кои се присутни сето тоа негативно влијае на прославувањето на јубилејот

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.