(ФОТО) ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ПЕКЕВСКИ ЗАБОРАВИ ДА ГИ СПОМНЕ НЕГОВИТЕ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БЕРОВО

(ФОТО) ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ПЕКЕВСКИ ЗАБОРАВИ ДА ГИ СПОМНЕ НЕГОВИТЕ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БЕРОВО
октомври 05 22:40 2021

ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово, денес излезе со соопштение во кое наведуваат дека градоначалникот Звонко Пекевски заборавил да ги спомне и да се пофали со капиталните инвестиции на митингот на неговата матична партија кој што се одржа пред неколку дена на градскиот плоштад во Берово.

-Звонко Пекевски на митингот пред неколку дена заборави да ги спомне неговите капитални инвестиции во време на неговиот мандат.Сакаме да го потсетиме дека со овие 4 капитални проекти кои се од витално значање за градот, Пекевски навистина го промени ликот на Берово.Подолу на фотографиите можете да видите кои се капиталните проекти на градоначалникот, кој за четири години успеа да ги реализира, иако во неговата програма на почетокот на мандадот вети клучни проекти, кои до ден денес нигде ги нема – истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Во продложение погледнете ги фотографиите од 4-те капитални инвестиции на градоначалникот Пекевски според ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.