ФОНДАЦИЈАТА „ДР ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА И ЗЕГИН СО ХУМАНА АКЦИЈА ЗА ПОПРАВКА НА НЕКОЛКУ ДОМОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА.

ФОНДАЦИЈАТА „ДР ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА И ЗЕГИН СО ХУМАНА АКЦИЈА ЗА ПОПРАВКА НА НЕКОЛКУ ДОМОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА.
април 16 13:40 2021

Фондацијата “Др. Верица Механџиска” и компанијата Зегин во соработка со хуманитарната организација “Свети Спас” овој месец започнуваат реновирање на неколку куќи во Македонија.Станува збор за хуман проект во кој е предвидена помош во реновирање на куќи на социјално загрозени семејства и самохрани родители, како и опожарени домови на граѓани.

Деновиве се започна со реновирање на првиот дом во населбата Керамидница (промена на кров), по што ќе се продолжи со внатрешно уредување. Вториот проект е во с. Мородвис, Кочани каде на почетокот на идната недела е предвидено да се променат старите прозори и влезна врата со ПВЦ како и внатрешно уредување на домот.

-Овој викенд, благодарение на анонимни поддржувачи, ќе се отпочне и трето реновирање кое ќе биде во Куманово (кај самохрана мајка со 5 деца) каде што ќе ги смениме олуците (заради кои со години живеат во влага), по што ќе продолжиме со внатрешно уредување. Се надеваме дека пред нашиот најголем празник Воскресение Христово ќе бидат завршени сите три реновирања за што ќе ве известиме.Бог да ве благослови!!!- истакнаа од хуманитарната организација “Свети Спас”.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.